Намалена стапката на сиромаштија

25.12.2015 13:38

Минатата година стапката на сиромаштија изнесуваше 22,1 отсто, што е намалување за 2,1 процент во однос на 2013-та и за 4,1 отсто во оснос на 2012 година...

Стапката на сиромашни лица во Република Македонија минатата година изнесуваше 22,1 отсто, што е намалување за 2,1 процент во однос на 2013-та и за 4,1 отсто во оснос на 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Стапката на сиромаштија во 2013-та била 24,2 проценти, а во 2012 година 26,2 отсто. Бројот на сиромашни лица во Македонија лани изнесувал 457,2 илјади лица. Стапката на сиромаштија кај жените е 21,9, а кај мажите 22,9 проценти. Според возраста, стапката на сиромаштија во групата од 18 до 65 година изнесува 21,4 проценти, а кај оние над 65 години 14,5 проценти.

Најголема е кај домаќинствата со две воразни лица и со три и повеќе издржувани деца и изнесува 51,1 проценти, потоа следат домаќинствата со две ворзасни лица и две издржувани лица каде стапката е 25 проценти, и домаќинства со издржувани деца.