Oбјавени прашањата за екстерното тестирање на матурантите

25.12.2015 13:40

Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања.

Државниот испитен центар на веб-страницата www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk денеска ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование.

Објавениот базен со прашања содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно коригирани, соопшти Државниот испитен центар.

ДИЦ ги повика сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.