МНТ одликуван со Орден за заслуги за Македонија

25.12.2015 14:07

Директорот на МНТ, Дејан Пројковски рече дека признанието е од исклучително важно значење зошто првпат го добива една театарска институција, а успехот е заеднички на сите нејзини чинители.

За промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво - „Орден за заслуги за Македонија“ од Претседателот Ѓорге Иванов за Македонскиот народен театар (МНТ).

„Симболично, завесата на Македонскиот народен театар беше подигната во самите мугри на македонската државност, со одлука на Президиумот на АСНОМ. Од тогаш до денес, веќе 70 години, на сцената на овој театар се одигрува животот на цел еден народ. Доволно е да се сетиме на луѓето кои ги оживеаја македонскиот збор и македонската приказна на театарската сцена“, рече шефот на државата.

Директорот на МНТ, Дејан Пројковски рече дека признанието е од исклучително важно значење зошто првпат го добива една театарска институција, а успехот е заеднички на сите нејзини чинители.

На свеченоста присуствуваа министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и голем број актери, режисери, драматурзи.

 

Игор Панов