Помошниот медицински персонал задоволен од покачувањето на платите
За помошниот медицински персонал при Битолската клиничка болница ова е година во која целосно се исполнија нивните долгогодишни желни. По неодамнешната трансформација на работниот одност на околу 80 волонтери, по вчерашната одлука на ресорното министество, насмевка на лицата и на над 50 лица кои од идната година ќе добиваат повисоки плати за околу 6.000 денари согласно со нивното завршено високо образование.

Кети и Тања, едната медицинска сестра, другата лаборант, Високата медицинска школа ја завршиле уште прд десетина години. Велат дека се задоволни со најавеното зголемување на нивните плати за околу 6.000 илјади денари, бидејќи ќе се валоризира нивното образование.
„Овој потег стимулативно ќе делува на нас затоа што ние и досега совесно си ја извршувавме работата, совесно учевме, така да наградата конечно следува“, вели медицинската сестра Кети Гроздановска.
„Ако видите можеби не е толку личниот доход отколку самата сатисфакција за она што сте вложиле како труд. И понатаму ќе се надоградуваме затоа што сега Високата медицинска школа нуди можности и за одредени специјализации“, вели лаборантката Тања Шундак Дранговска.
Со овој пакет низ медицинските установи во земјава ќе бидат опфатени околу петстотини здравствени работници со заршено високо образование. За раководителите ова значи решавање на уште еден горлив проблем, кој ќе води кон зголемување на мотивацијата на помошниот медицински персонал.
„Да добијат мотив плус за подобри здравствени услуги и се надевам дека следните години процентуално ќе се зголемува уште повеќе задоволството и на пациентите и на здравствените лица“, вели директорот на Битолската клиничка болница, д-р Василе Најдовски.
Во насока на давање на што поадекватна медицинска заштита на пациентите од Министерството за здравство велат дека во рамките на проектот за доедукација во странство, освен за лекарите и понатаму ќе има место и за помошниот медицински персонал.
Стевче Митревски
