Истекува рокот за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015-та
По 6-ти пат избор на најдобар млад научник по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов. Во тек е јавниот повик за 2015-та година, кој е отворен до 31-ви декември. Може да се пријават сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и на околината.

Даниел Денковски е носител на признанието „Најдобар млад научник“ за 2014- та година. Работи на полето за електрониката и информациските технологии. Вели дека наградата што ја добил му била мотив за сите понатамошни успеси.
Истражувањата се мултидисциплинарни. Во изминатите шест години имало различни примери. Имало научници од една област, а истражувањето можело да се примени во друга област, раскажува претседателот на Комисијата, Атанас Кочов.
Конкурсот е отворен до 31-ви декември. Може да се пријават сите млади до 30 години, кои имаат постигнато значителни резултати во науката и во истражувањето во текот на 2015-та година. Да имаат објавено научно- истражувачки трудови во различни списанија, конференции. Сето тоа во форма на апликација да го достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Ана Јосифоска- Тодоровска
