Промовирана енциклопедијата „ВМРО 1893-1924 година“
Главна причина за создавањето на енциклопедијата, според авторите, биле сѐ почестите негирања на делови од македонската историја, од некои балкански историографии, и обидите да ги прикажат истите како делови од нивните истории...

Енциклопедијата „ВМРО 1893-1934 година“ е спектар на настани, податоци, личности и архива за македонската историја од овој период. Главна причина за создавањето на енциклопедијата, според авторите, биле сѐ почестите негирања на делови од македонската историја, од некои балкански историографии, и обидите да ги прикажат истите како делови од нивните истории. Ова е прво дело од ваков облик и тема во Македонија. Се наметнува како научна неопходност во македонската историографија.
„Ова е една прекрасна енцилопедија коија систематизира информации за секој оној кој го сака научниот пристап и сака да има збирка од објективни и проверени информации за тематиката и конечно за секој оној кој си ја сака Македонија и кој го почитува делото на македонската револуција“, истакна на промоцијата премиерот Никола Груевски.
Министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, посочи дека авторите свесно и аргументирано сакаат да предочат дека постои дистинкција на македонското револуционерно движење од политичките тенденции на балканските држави и дека организацијата ВМРО има автохтон, македонски карактер.
Не смееме да дозволиме со нашата незаинтересираност кон одредени теми, организации, настани или личности од нашата историја, други истории да посегнуваат по нив и ние едноставно да се откажуваме од тоа штое македонска историја која припаѓа на македонскиот народ и сите националности во Македонија, рече универзитетскиот профеоср Никола Жежов, кој е еден од авторите на енцикопедијата.
Публикацијата има огромен број одредници, според азбучен редослед кои во себе ги содржат најважните биографски податоци за војводите и комитите на ВМРО, за настаните и другите случувања поврзани со револуционерната дејност на ВМРО во нејзиното 41 годишно постоење.
