Огревни дрва ќе се купуваат по нови правила
Од Нова година во Македонски шуми ќе се купуваат дрва по нови правила. За да се надминат проблемите од годинава, продажбата ќе оди со јавен оглас. Цените остануваат исти.

Граѓаните и фирмите од идната година ќе купуваат дрва по нови правила. Договорите за купопродажба ќе се прават по претходна апликација која што ќе треба да се поднесе во утврдени рокови, велат од Македонски шуми. Здруженијата ќе може да аплицираат најдоцна до 15-ти февруари, а граѓаните до 15-ти март. Јавниот повик стартува од денеска.
Досега се реализирани сите испораки на дрва, а новите прописи треба да помогнат да се надминат проблемите кои што се појавија годинава. Цените на огревното дрво на склад и во наредната сезона остануваат исти како и годинава, 2.370 денари за бука и 2.450 денари за даб. За наредната година се планира зголемување на производството на дрво.
Фирмите кои се регистрирани за промет на дрво ќе треба да достават писмена изјава со која ќе се обврзат на утврдената максималната цена на продажба.
Дијана Ценевска
