Од 1-ви јануари зголемување на минималната плата

25.12.2015 17:04

„Како што ветивме, така исполнуваме. Од 1-ви јануари се зголемува минималата плата. Ова е ветување кое го дадовме пред граѓаните“, истакна премиерот Никола Груевски во гостување на национална телевизија.

Од први јануари ќе се зголеми минималната плата, од 9.590 денари на 10.080 денари. Нагорна корекција за околу илјада денари ќе има и во текстилната и во кожарската индустрија, кои со другите дејности треба да се изедначат до 2018-та година.

„Како што ветивме, така исполнуваме. Од 1-ви јануари се зголемува минималата плата. Ова е ветување кое го дадовме пред граѓаните“, истакна премиерот Никола Груевски во гостување на национална телевизија.

Од први јануари ќе има зголемување од 9.590 на 10.080 денари на минималната плата во сите индустриски дејности како што е ветено, освен во текстилната и кожарската индустрија каде зголемувањето ќе биде од 8.050 на 9.000, одноносно речиси за 1.000 денари, посочи премиерот.