Тетово и Скопје најзагадени
На работодавците во Скопје и во Тетово им се препорачува да ги ослободат од обврски бремените жени, лицата над 60 годишна возраст, и лицата со астма и белодробни заболувања- заклучоци на Владата во врска со аерозгадувањето.

Во Тетово, Скопје, Битола, Кичево и Кочани и денеска се регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честички. Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, утрово во 8 часот концентрации од 373 микрограми на метар квадратен регистрирани се во Тетово, 337 во Центар, Гази Баба 190, Лисиче 258, Битола 213, Карпош 227, Кичево 133 и Кочани 109.
На работодавците во Скопје и во Тетово им се препорачува да ги ослободат од обврски бремените жени, лицата над 60 годишна возраст, и лицата со астма и белодробни заболувања- заклучоци на Владата во врска со аерозгадувањето.
Поради зголемено ниво на ПМ 10 честички, Град Скопје и Општина Тетово да ги активираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.
Владата го задолжи Министерството за животна средина да даде и неколку препораки до граѓаните, меѓу кои да го користат почесто јавниот превоз, да не ги користат возилата без поголема потреба како и почитување на законските одредби околу користењето на огревен материјал.
