МВР: За 24 часа издадени нови 3.954 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.666, Ирак-1.358 и Авганистан–930.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.954 странски државјани, од кои 1.552 се од машки пол, 812 се од женски, 1.579 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без родител, соопштува МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.666, Ирак-1.358 и Авганистан–930.
Досега издадени се потврди на вкупно 377.257 странски државјани, од кои, 204.344 се од машки пол, 63.562 се од женски, 91.262 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.089 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-210.668 потоа Авганистан-93.113, Ирак-52.035, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
