Пет нови театарски објекти и нов конгресен центар
Драмски театар и Тетатар Комедија ќе добијат нови згради. Следната година треба да почнат градежните зафати на Конгресниот центар. Во фаза на реконструкција е театарот во Струмица...

Нови објекти ќе добијат Драмски, Театар Комедија, Универзалната Сала, ќе се гради и римски театар во Скупи. Премиерот Груевски за в година најави градба на 4 културни институции во земјава. Готов е проектот за Драмскиот театар и следниот месец ќе биде објавен тендерот за изградба. Во јануари ќе се објави и оглас за јавно приватно партнерство за Театарот Комедија и повик за изведувач на проектот Конгресен Центар кој ќе никне на местото на Универзална сала, во Скупи ќе се гради нов театар.
„Се завршени археолошките истражувања на римскиот театар во Скупи, изработен е проектот за реконструкција на гледалиштето, а во јануари или февруари треба да биде објавен тендер за изведба. Тоа се четири капитални објекти кои ќе бидат градени во текот на следната година. Од јануари ќе почне да се објавува тендер за изведувачи, а некаде на пролет и градбите на овие објекти или најдоцна на почетокот на летото“, потенцира премиерот Груевски.
Нов лик добива и Струмичкиот театар. Во тек е негова целосна реконструкција и модернизација. И во Охрид ќе се гради театар. Премиерот Груевски рече дека во тек епланот за негова изградба.
„Кон крајот на следната година, ќе се направи тендер за изведба за во 2017 да имаме градба на театар во Охрид. Објектот ќе биде повеќенаменски, ќе има место за ликовни изложби, кино сала, место за Дом на култура, но неговата основна намена ќе биде театар“, соопшти премиерот Груевски.
Според плановите изградбата на новите театри треба да почне напролет.
Викторија Милевска
