Се доекипира македонската дипломатија

21.01.2014 11:27

Вчера во  Министерството за надворешни работи, во присуство на колегиумот предводен од државниот секретар Владо Мисајловски, се одржале завршни  разговори  со амбасадорите Кире Илиоски,Зоран Дабиќ и Пајо Авировиќ  пред нивното упатување на нова должност . Кире Илиоски заминува за  вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник на Република Македонија во меѓународните организации во Виена,  Зоран Дабиќ во Брисел за ополномоштен амбасадор и шеф на мисијата на Македонија  во НАТО,  а  Пајо Авировиќ  е новиот вонреден и ополномоштен амбасадор  во Израел.

Во своето излагање амбасадорот Илиоски се осврнал на актуелната соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа(ОБСЕ), како и на соработката со дел од организациите од поширокото семејство на ОН.

Амбасадорот Дабиќ  нагласил дека ќе се залага за внимателно следење на новите случувања во НАТО и се погласните позиции на меѓународните институции за надворешна политика, кои бараат дефинирање на новата стратегиска политика на Алијансата-во рамките на Организацијата, но и спрема партнерите.

Амбасадорот Авировиќ ја образложил досегашната билатерална соработка меѓу Македонија и Израел, ја оценил како добра и динамична во повеќе сфери од заеднички интерес, а воедно се осврнал и на актуелните внатрешни и надворешнополитички и социоекономски состојби во Израел.

Лидија Чакар