Притвор за негувателката од Скопје што малтретираше старица

28.12.2015 11:41

Осомничената се товари за повреди нанесени на изнемоштена 84-годишна старица која и била доверена на чување.

Судија на претходна постапка и одредил осум дневен притвор на 64- годишната жена која се сомничи за кривично дело- телесна повреда.

Осомничената се товари за повреди нанесени на изнемоштена 84-годишна старица која и била доверена на чување.

Претходно Основното јавно обвинителство - Скопје до наделжниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за негувателката.