Пет странски компании заинтересирани за „Злетово“ и „Тораница“

28.12.2015 12:53

Завршена е постапката за пријавување на побарувањата, а вкупнаата сума ќе биде позната во текот на идниот месец, велат од стечајната управа.

Пет странски компании пројавиле интерес за преземање на рудниците „Злетово“ и  „Тораница“. Станува збор за по една американска, руска, австралиско-канадска и англиска компанија како и еден американски инвестициски фонд, кои имаат искуство во менаџирање со рудници.

Завршена е постапката за пријавување на побарувањата, а вкупнаата сума ќе биде позната во текот на идниот месец, велат од стечајната управа.

Претставници на заинтересираните странски компании веќе ги посетиле двата рудника и до средината на јануари ќе се изјаснат дали ќе излезат со понуда за преземање.

Синдикатот очекува успешно да заврши преземањето и набрзо да се рестартира производството и работно да се ангажираат илјада рудари.

По новогодишните празници ќе биде објавен и меѓународен тендер за доделување на концесии за користење на рудните наоѓалишта крај Пробиштип и Крива Паланка.

Со рудниците „Злетово“ и „Тораница“ скоро десет години управуваше компанијата  „Индоминерали и метали“, а експлоатацијата беше прекината кон крајот на септември годинава.

 

Свето Николовски