Новогодишна хуманитарна акција „Да споделиме радост“
Веќе петта година по ред Црвениот крст на Македнија со поддршка на ЕВН Македонија организира настан на кој на децата со посебни потреби и на децата од ранливи категории семејствата им се доделуваат новгодишни подароци...

Доделени подароци на децата со посебни потреби и на децата од семејства со социјален ризик- донација од Црвениот крст и ЕВН Македонија.
Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити на денешната хуманитарна акција истакна дека веќе петта година по ред Црвениот крст на Македнија со поддршка на ЕВН Македонија организира настан на кој на децата со посебни потреби и на децата од ранливи категории семејствата им се доделуваат новгодишни подароци.
Тоа е уште еден доказ дека Црвениот крст се грижи за тие што во еден момент не можат сами да си задоволат некои потреби. На крајот на годината секој човек сака да добие подарок и ние денеска заедно се потрудивме на овие деца за момент да им го разубавиме животот, рече Саити.
Претставникот на ЕВН Македонија, Игор Гиевски изрази задоволство да присуствува на настан на кој дечињата го добиваат потребното внимание, но и мали подароци со кои им се доближува симболиката и магијата на новогодишните и божикни празници.
