Раст на индустриското производство од 11,5% во ноември

28.12.2015 13:42

Преработувачката индустрија продолжува да бележи висок раст- во ноември годинава во спредба со ноември 2014-та се забележува пораст од 17,5%.

Индустриското производство продолжува да расте. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во ноември годинава, споредено со ноември лани, пораснало за 11,5%. За првите 11 месеци од годинава, споредено со истиот период лани, индустриското производство пораснало за 4,4%.

Преработувачката индустрија продолжува да бележи висок раст- во ноември годинава во спредба со ноември 2014-та се забележува пораст од 17,5%. Секторот Рударство и вадење на камен во бележи опаѓање од 1%, додека секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21,3%.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Капитални производи за 34,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,5 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16,9%.