Прво предупредување за долгот, а потоа наплата
Законските измени за извршување се во собраниска процедура. Граѓаните повеќе нема да имаат трошоци за деблокирање на сметка.

Должниците ќе бидат предупредени пред да им бидат блокирани сметките. Можност сами да ги достават податоците што им се потребни на извршителите. Законските измени за извршување се во собраниска процедура. Граѓаните повеќе нема да имаат трошоци за деблокирање на сметка.
Предвидено е ново дејствие пред да се постапи со конкретно присилно извршување на сметка на една третина од плата, или со попис на ствари. Извршителот ќе биде должен да го извести должникот физичко лице и да побара од него во тек на три дена да ги достави сите податоци кои се потребни за постапката на извршување. Ова ќе предизвика големо намалување на трошоците, затоа што претходната постапка подразбираше ние самите да ги обезбедуваме овие податоци, кои честопати чинеа многу, велат од Комората на извршители.
