Булс ја прекинаа мини серијата на Лејкерс

21.01.2014 11:37

Чикаго славеше против Лејкерс (102:100) по продолжението, во трите натпревари од синоќешната НБА понуда. Огустин постигна 27 поени за победникот, а Јанг 31 кај поразените. Ова е 7-ми пораз за Лејкерс по две победи по ред, во 10 натпревари одиграни во јануари.
 
Хјустон се радуваше против Портланд (126:113). Парсонс со 31 поен беше најефикасен на мечот, Олдриџ имаше 27 во поразениот табор. Индијана победи на гости кај Голден Стејт (94:102). Џорџ со 23 поени ги предводеше победниците, на спротивната страна поен повеќе постигна Кари.
 
Претходно, во натпреварите одиграни пред полноќ по европско време, Перо Антиќ и Атланта славеа против Мајами (121:114), нашиот интернационалец постигна 17 (најмногу за него во првата НБА сезона) поени. Леброн Џејмс го предводеше шампионот, со 30 поени.
 
Нетс победија во дербито на Њујорк против Никс (80:103). Џо Џонсон имаше 25 за победниците, а Кармело Ентони 26 поени кај поразените. Њу Орлеанс го совлада Мемфис (92:95), Вашингтон славеше против Филаделфија (107:99).