Наградени 24 дела на конкурсот за класична музика

28.12.2015 15:21

На конкурсот за класична музика наградени 24 дела. Меѓу наградени доајени на класичната музика, автори од поновата генерација, студенти. Ќе добијат финансиска подршка за да се стимулира домашното творештво...

Од поднесените 34 апликации, наградени се 24 дела во 11 категории на конкурсот за класична музика. За три категории- композиции за мелодиски инструмент, композиции со духовен карактер за мешан хор и композиции за квартет, на конкурсот не пристигнала ниту една апликација. Со овој конкурс  за вреднување  на творештвото на македонските автори, фондот на музичките дела од овој жанр се зголемил четирикратно.

Композиторите доајени Љубомир Бранѓолица, награден за мјузикл во категоријата за мултимедијална музичко-сценска композиција и Александар Џамбазов, награден во категоријата свечена композиција за мешан хор и симфониски оркестар, го оценија конкурсот како поттик за сите, особено за младите.

Во почетокот на следната година  ќе биде објавен и конкурсот за 2016-та година. Од министертвото за култура велат дека очекуваат да пројават интерес домашните автори.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска