Ташевска – Ременски поднесе кривична пријава против Спасов
28.12.2015 15:32
Во соопштението од ресорот се вели дека постојат основани сомненија за злоупотреба на службената положба и овластување, како и несовесно работење...

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски поднесе кривична пријава против дополнителниот заменик – министер Спасов и вработена службеничка во министерството.
Во соопштението од ресорот се вели дека постојат основани сомненија за злоупотреба на службената положба и овластување, како и несовесно работење, бидејќи поголем број решенија по жалби за укинување на правото на социјална и на постојана парична помош биле донесени од неовластено лице, а за повеќе предмети не било решено во законскиот рок.
