Магла на повеќе патни правци, сообраќајот тековно

29.12.2015 09:16

Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри има на патниот правец Жировница– Дебар– Струга, до 50 метри на патните правци Скопје– Катланово и Велес – Неготино...

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места, информираат од Македонија пат.

Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри има на патниот правец Жировница–Дебар–Струга, до 50 метри на патните правци Скопје–Катланово и Велес – Неготино, и од 80 до 100 метри на патните правци Неготино–Демир Капија, Неготино–Градско, Штип–Велес, Штип–Кочани и Штип–Неготино.

Изутрината се реализирани планираните полетувања и слетувања од и на скопскиот аеродром „Александар Велики“ освен летот на „Туркиш Ерлајнс“ за Истанбул, кој беше откажан.