Тетово и Скопје најзагадени
Мерните станици во Тетово регистрираа концентрација на ПМ10- честичките од 386 микрограми на метар кубен. Во Скопје највисоки концентрации има во Центар од 332 микрограми...

Воздухот утрово е најзагаден во Тетово и во Скопје. Високи концентрации на ПМ10 честички во воздухот има и во Битола и Кичево.
Мерните станици во Тетово регистрираа концентрација на ПМ10- честичките од 386 микрограми на метар кубен. Во Скопје највисоки концентрации има во Центар од 332 микрограми, Гази Баба 310, кај Ректорат 279, Лисиче 264, Карпош 252 и во Миладиновци 96.
Во Битола се измерени 118, а во Кичево 115 микрограми.
Над дозволените концентрации на ПМ10 честичките утрово се регистрирани и во Кавадарци со 61, Велес 57 и Кочани 55 микрограми.
На работодавците во Скопје и во Тетово им се препорачува да ги ослободат од обврски бремените жени, лицата над 60 годишна возраст, и лицата со астма и белодробни заболувања- заклучоци на Владата во врска со аерозгадувањето.
