Половина од родот на јаболката извезен во странство

29.12.2015 10:20

Годинава родот на јаболка е двојно поголем од лани. Зголемувањето е резултат и на подигнувањето на нови насади со сорти со поголема продуктивност.

Скоро половина од родот на јаболкото досега е извезен на странскиот пазар. Двојно поголемиот род годинава влијае и врз висината на откупните цени кои во овој период се движат од 12 до 12,5 денари за килограм, но според овоштарите трговците се престроги во проценката на квалитетот.

Недостигот на магацини или ладилници во преспанскиот регион, особено се чуствува годинава поради поголемиот род кој се проценува од 130 до 140.000 тони.

Зголемениот количества се јавуваат и поради новите насади кои почнаа да се подигниваат пред неколку години и кои сега даваат високи приноси.

Методија Трајков