Железничка несреќа кај Богомила

29.12.2015 10:30

Нема повредени, но е причинета поголема материјална штета.

Изутрината околу 6 часот на железничкиот правец Богомила-Велес, на потегот од село Согле до село Теово, се случи железничка несреќа кога воз удрил во карпа, која најверојатно паднала на пругата.

Нема повредени, но е причинета поголема материјална штета. Стручните екипи се уште вршат увид, а железничкиот сообраќај од Велес до Богомила е во прекин.