МВР: За 24 часа издадени 2.895 потврди за азил

29.12.2015 11:12

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 1.368, Авганистан - 765 и Ирак - 762.

За последните 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.895 странски државјани, од кои 1.261 се од машки пол, 606 се од женски, 1.017 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Единаесет деца патуваат без родител, на кои им е издадена потврда, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 1.368, Авганистан - 765 и Ирак - 762.

Досега издадени се потврди на вкупно 380.152 странски државјани, од кои, 205.605 се од машки пол, 64.168 се од женски, 92.279 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.100 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 212.036 потоа Авганистан - 93.878, Ирак - 52.797, Иран - 6.231, Пакистан - 5.416, Палестина - 2.158, Сомалија - 1.276, Бангладеш - 1.253, Мароко - 1.317, Конго - 514, Алжир - 453, Либан - 434, Нигерија - 279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 84 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.