Невреме во Бразил и Аргентина, најмалку четири жртви
29.12.2015 11:38
Обилните дождови предизвикаа проблеми во сообраќајот, а неколку области се целосно под вода.

Најмалку четворица загинаа, неколкумина се повредени и исчезнати во свлечиште предизвикано од обилните дождови во предградие на Сао Паоло.
Три куќи целосно се уништени. Обилните дождови предизвикаа проблеми во сообраќајот, а неколку области се целосно под вода.
Поплави и во Аргентина. Повеќе од 20.000 жители се евакуирани. Според метеоролозите ова се најобилните дождови во изминатите 50 години.
