Црвениот плоштад во Москва за прв пат ќе биде затворен

29.12.2015 11:39

Жителите на Русија и туристите кои традиционално ја дочекуваат Новата година на плоштадот, оваа година нема да можат да прославуваат.

Од безбедносни причини, Црвениот плоштад во Москва, на 31-ви декември за прв пат ќе биде затворен.

Жителите на Русија и туристите кои традиционално ја дочекуваат Новата година на плоштадот, оваа година нема да можат да прославуваат.

Москва воведе посебни безбедносни мерки по терористичките напади во Париз, и по уривањето на рускиот патнички авион на Синајскиот полуостров.