Сириската војска со руска поддршка ја презеде контролата на браната на Еуфрат
29.12.2015 11:43
Руската авијација погодила 556 објекти на Исламска држава за време на 164 напади во последните три дена...

Сириската војска со поддршка на руската авијација ја презеде контролата над стратешки важен објект, браната на реката Еуфрат, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руската авијација погодила 556 објекти на Исламска држава за време на 164 напади во последните три дена, изјави началникот на главната управа на Генералштабот на руската војска, Сергеј Рудској.
