Снегот го парализира авиосообраќајот во САД, откажани над 2.900 лета

29.12.2015 11:59

Најсериозна е состојбата на аеродромите во Чикаго каде што се откажани сите полетувања поради изобилните врнежи од снег. Во невремето досега 44 луѓе го загубија животот.

Снегот го парализираше авиосообраќајот во САД. Повеќе од 2.900 лета се откажани, а 4.800 се одложени. Најсериозна е состојбата на аеродромите во Чикаго каде што се откажани сите полетувања поради изобилните врнежи од снег. Во невремето досега 44 луѓе го загубија животот.

Повеќе од 30 сaнтиметри снег се очекува на југозапад во Висконсин како и на југоисток во Минесота, а снег веќе падна во Ајова, во Небраска и во Мисури.

Бурата донесе снег од 104 сантиметри во делови од Ново Мексико и 25 сантиметри дожд во делови од Арканзас, Муисури, Оклахома и Тексас, соопшти Метеоролошката служба.