Ноу Камп ќе се модернизира?
Каталонскиот, шпанскиот, светскиот фудбалски храм останува на своето место, во срцето на Барселона! По полемиката која трае со години, управата на фудбалскиот гигант донесе одлука Ноу Камп да се модернизира, а не да се дислоцира на нова локација. Оваа одлука ќе мора да биде верифицирана од илјадниците членови на клубот,популарните „социоси“, кои ќе се изјаснат на референдум на 6 и 7 април оваа година.

Според пресметките, во проектот ќе бидат вложени 600 милиони евра. Капацитетот на стадионот од 100 илјади седишта ќе биде зголемен на 105 илјади места. Ќе се реновира и Палау Блауграна, спортската сала во рамките на комплексот Ноу Камп. Таа во иднина ќе може да прими 10 илјади гледачи. Предвидено е отворање на нови угостителски објекти и проширување на паркинг просторите. Ако референдумот успее, реновирањето би започнало во 2017 година, а би било завршено во 2021.
За цело време на обновата, Барселона ќе игра на постоечкиот терен на Ноу Камп.