Имотен лист од дома- пуштен во употреба нов дистрибутивен систем на Катастарот
Имотниот лист и другите податоци од Kатастарот ќе им бидат достапни преку интернет во три чекори. Ова ќе овозможи намалување на трошоците, но и на метежот на шалтерите во Aгенцијата.

Од денеска граѓаните може да нарачаат имотен лист од дома. Пуштен е во употреба новиот дистрибутивен систем на Kатастарот. Корисниците бараните податоци можат да ги добијат во дигитална или хартиена форма.
Имотниот лист и другите податоци од Kатастарот ќе им бидат достапни преку интернет во три чекори. Ова ќе овозможи намалување на трошоците, но и на метежот на шалтерите во Aгенцијата.
„Со дистрибутивниот систем што го воведе Катастарот корисниците на многу едноставен начин, со само три чекори, ќе можат да добијат имотен лист од каде било, од својот дом, од работното место, дури и кога се во движење. Овој систем ќе може да го користат сите граѓани во државава и во странство, како и градежни и геодетски компании, јавни институции, општини, министерства“, информира министерката за информатичко општество и амдинистрација Марта Арсовска Томовска.
Дистрибутивниот систем ќе биде достапен он лајн 24 часа за сите правни и физички лица во земјата и странство. Во зависност од желбата и потребата на корисникот бараните податоци може да се добијат во дигитална или во хартиена форма. Дигиталните податоци се за 20 проценти поевтини од хартиените податоци.
Имотен лист во електронска форма ќе чини 150 денари, а доколку се порача преку дистрибутивниот систем во хартиена форма ќе изнесува 183 денари и уште 70 денари за поштенски трошоци, информира директорот на Катастарот Славче Трпески.
