Потпишан договорот за топлификација на Битола
29.12.2015 13:38
Проектот се проценува на 46,5 милиони евра. Изградбата се очекува да трае 2 ипол години. За реализацијата на првата фаза ќе се инвестираат 39 милиони евра...

Во Владата е потпишан договорот со германската КФВ Банка за топлификацијата на Битола. Проектот се проценува на 46,5 милиони евра.
Изградбата се очекува да трае 2 ипол години. За реализацијата на првата фаза ќе се инвестираат 39 милиони евра, кои германската влада ги обезбеди преку КФВ Банка и уште седум и пол милиони евра од АД ЕЛЕМ.
Рокот на отплата ќе биде 15 години со грејс период од четири години.
