Воздухот најзагаден во Тетово и во Скопје
29.12.2015 13:42
Владата завчера поради загадувањето донесе заклучоци и препораки кои се однесуваат на општините каде што се високи концентрациите.

Воздухот и денеска е најзагаден во Тетово и во Скопје. Високи концентрации на ПМ 10 честички има и во битола и во кичево. Владата завчера поради загадувањето донесе заклучоци и препораки кои се однесуваат на општините каде што се високи концентрациите.
Според препораките, до 4-ти јануари треба да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лицата под 60 години со астма и хронична опструктивна белодробна болест.
Меѓу препораките до граѓаните е и почесто користење на јавниот превоз.
