Случај „Пуч“: Укинат притворот на Зоран Верушевски

29.12.2015 14:36

Во дописот од скопскиот Кривичен суд стои дека за двајцата првообвинети Верушевски Лазаревски е прифатено барањето...

Прифатено е барањето за ослободување од притвор на Зоран Верушевски, првообвинет за „Пуч“. Судот решил да ја прифати кауцијата, потврдена со гаранција за имот, за да може поранешниот разузнавач да излезе од притвор.

Во дописот од скопскиот Кривичен суд стои дека за двајцата првообвинети Верушевски Лазаревски е прифатено барањето, постапувајќи по предлозите на обвинетите поднесени од одбраната, а по прибавено мислење и предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.

Прифатен е и посебниот предлог на обвинителството за определување мерки за забрана за напуштање на живеалиштето и привремено одземање на патната исправа.