Повеќе од 2.000 проекти од културата реализирани годинава
284 проекти во музичко-сценската дејност. 391 од електронското издаваштво. Во драмската дејност во текот на годинава реализирани вкупно 134 проекти. Отчет на министерката за култура Канческа-Милевска. Буџетот за 2016-та за култура изнесува 3,8 милјарди денари, што е зголемување за 5,22 проценти.

Во 2015-та година реализирани се повеќе од 2.000 проекти од културата, исполнети се 98 проценти од годишната програма – министерката Канческа- Милевска реферираше за сработеното. Ресорот поддржал повеќе од 95 проценти од културните настани, иницијативи и проекти.
Канческа рече дека за 2014-та и 2015-та се инвестирани 96.400.000 денари за стимулирање на сите дејности. Откуп на уметнички дела, композиции од класична музика, драмски текстови. Реализирани се и 470 нови вработувања во 57 национални и локални установи.
Буџетот за 2016 година на Министерството за култура, изнесува 3,8 милјарди денари и во однос на минатата година е зголемен за 5,22 процента. Програмските средства за 2016 година изнесуваат 864.999.000 денари.
Александра Перевска
