Гас

Русија и ЕУ се договорија за „Јужен тек“

21.01.2014 12:20

Земјите низ коишто минува гасоводот „Јужен тек“ не ќе мораат да ги ревидираат спогодбите коишто технички не се во согласност со регулативата на Eвропската унија.

Руската федерација и Европската унија се договорија за идна соработка околу гасоводот којшто ќе задоволува 15 %  од потребите на Европа за природен гас во 2018 година.

Еврокомесарот за енергија, Гинтер Етингер изјави за весникот „Ведомости“ дека Москва и Брисел ќе најдат решение да се почитуваат претходно склучените спогодби на Гаспром со земјите низ кои минува гасоводот.

Досега Москва обезбеди согласности од Србија, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Словенија, како и од Србија и од Македонија.

Стратегиски партнери на Гаспром во проектот јужен тек се „Ени“ од Италија, француската ,,Едф“ и германската компанија „Винтершал“.

Рускиот гигант „Гаспром“ очекува проектот вреден 45 милијарди долари да се исплати за 15 години, бидејќи компанијата ќе заштети на се поскапите украински транзитни давачки.