2016-та ќе биде тешка за бизнисот, политичката криза нанесе штета
2016-та ќе биде година тешка за бизнисот, велат стопанствениците од Стопанската комора на Северозапдна Македонија. Прогнозираат дека бегалската и политичката криза, изборите, проблемот со името ќе влијаат врз економскиот развој. Од комората посочуваат- домашните компании се заинтерсирани да вложуваат во тетовската зона, работат на конретни проекти со странски партнери...

Политичката криза и нанесе најголема штета на бизнис- заедницата, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија. Од владата се очекува поголем слух за нивните предлози и се бара еднаква поддршка на сите сектори и индустриски гранки. Домашните компании се заинтересирани за влез во слободните индустриски зони и веќе се работи на заеднички проекти со странски инвеститори, велат од Комората на северозападна Македонија.
„Во слободната зона во Тетово се во тек неколку проекти во кои некои од нашите компании во партнерство со странски компании веќе планираат инвестиции“, вели претседателот на Комората, Неби Хоџа.
Кога е во прашање загаденоста на воздухот во градовите, бизнисот изразува подготвеност да даде свој придонес, но од Северозападна инсистираат на подолгорочно решение.
„Сепак како бизнисмени не можеме да реагираме веднаш. Ние не можеме да реагираме денеска за денеска, туку бараме подолгорочни мерки. На пример веќе сме во подготовка на одреден план за разрешување на проблемот со загаденоста во Општина Тетово каде што не треба да се затворат работни места за да се мине оваа година, но што правиме наредните години. Зборуваме дали заобиколницата во тетово за која никогаш никој не говорел ќе придонесе во намалување на загаденоста во Тетово“, вели Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанска комора на северозападна Македонија.
Во промоцијата треба да бидат вклучени и стопанските комори бидејќи најдобро ги знаат интересот и потенцијалот на економијата, велат од Комората на северозападна Македонија. Кога е во прашање трговската размена со Косово, падот годинава е речиси 40%, а главна причина според оваа бизнис заедница е лошата инфраструктура и потребата да се изгради автопатот од Скопје до Блаце.
Свето Николовски
