„Френк“ и се заканува на Велика Британија
29.12.2015 16:57
Издадени се 9 предупредувања за поплави опасни по животот, во Англија, Велс и Јорк.

Новото невреме Френк и се заканува на Велика Британија, вклучувајќи ги и веќе погодените области. Издадени се 9 предупредувања за поплави опасни по животот, во Англија, Велс и Јорк.
Живеам овде 7 години и до сега не сум видел нешто вакво. Ни треба помош од војската со вреќи песок, но и да се здружиме меѓу нас и да спречиме да стане полошо, вели еден жител.
Премиерот Камерон побара повеќе од буџетот за спречување на слични катастрофи.
