Фондот за иновации ќе потпише договори за финансирање со 17 компании
Денеска и официјално ќе бидат потпишани и договорите за финансирање на 17-те претпријатија избрани на овој повик на Фондот за иновации и технолошки развој...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира проектите и официјално ќе ги потпише договорите со претпријатијата избрани за финансирање на вториот повик на Фондот.
Ќе бидат презентирани проектите избрани за финансирање на вториот повик за инструментите Ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и Ко-финансирани грантови и словени саеми за комерцијализација на иновации на Фондот за иновации и технолошки развој.
Како што е најавено, денеска и официјално ќе бидат потпишани и договорите за финансирање на 17-те претпријатија избрани на овој повик на Фондот за иновации и технолошки развој.
На вториот повик се пријавија 95 предлог проекти од кои 39 поминаа во фазата на претселекција, а 17 беа избрани за финансирање. Од нив, 10 беа избрани под инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ за кои обезбеден е вкупен износ од 276.797.000 евра, односно 17.076.791 денари.
Седум проекти беа избрани под инструментот кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации за кои обезбеден е вкупен износ од 600.000 евра, односно 37.013.820 денари.
