Ќе се избира нов член на ДИК, на местото на Виолета Дума

30.12.2015 08:40

Дума ќе биде разрешена од оваа функција бидејќи ги исполнува условите за заминување во пензија...

Предлогот за разрешување на членот на Државната изборна комисија, Виолета Дума ќе го разгледува собраниската Комисија за избори и именувања. Таа ќе биде разрешена поради исполнување на услови за старосна пензија.  

Доколку комисијата го изгласа предлогот, тој ќе биде препратен до Собранието и се очекува да биде разгледуван на првата наредна пленарка закажана за 11 јануари.

Ќе треба да се распише нов оглас за пополнување на нејзиното место. На нејзино место СДСМ најверојатно ќе ја предложи поранешната пратеничка Цветанка Иванова.

Дума пред само 12 дена даде свечена изјава и стана дел од новиот состав на ДИК.

Комисијата според најавите, денеска треба да одржи седница на која ќе биде избран Генерален секретар од пријавените 14 кандидати.