Четворица цариници повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје

30.12.2015 10:44

Повредените се префрлени на скопските клиники. Засега нема информации за какви повреди станува збор.

Четворица цариници се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината на автопатот Куманово- Скопје. Се превртело комбе на Царинската управа.

Повредените се префрлени на скопските клиники. Засега нема информации за какви повреди станува збор.

На местото на несреќата е извршен увид од МВР, а истрагата треба да ги утврди причините кои ја предизвикале сообраќајката.