Со указ на претседателот, унапредени тројца старешини во АРМ

30.12.2015 11:12

Во чин генерал- мајор е унапреден Васко Ѓурчиновски, командант на Здружената оперативна команда, додека во чин бригаден генерал се полковниците Мирче Ѓоргоски и Зоран Милески.

Со указ на претседателот и врховен командант на оружените сили, Ѓорге Иванов, во повисоки генералски чинови унапредени тројца старешини во Армијата.

Во чин генерал- мајор е унапреден Васко Ѓурчиновски, командант на Здружената оперативна команда, додека во чин бригаден генерал се полковниците Мирче Ѓоргоски и Зоран Милески.

Генерал Ѓоргоски ја извршува должноста Аѓутант на врховниот командант. Предходно беше портпарол на генералштабот на АРМ.

Генерал Милески е командант на Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ.