За 24 часа издадени нови 2.662 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.444, Авганистан–623 и Ирак-595.

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.662 странски државјани, од кои 1.105 се од машки пол, 565 се од женски, 989 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште три деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.444, Авганистан–623 и Ирак-595.
Досега издадени се потврди на вкупно 382.814 странски државјани, од кои, 206.710 се од машки пол, 64.733 се од женски, 93.268 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.103 деца кои патуваат без родител.
Најбројни се државјаните на Сирија-213.480 потоа Авганистан-94.501, Ирак-53.392, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 84 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
