Прифатилиштето во Момин Поток отворено за бездомници
30.12.2015 11:45
Бездомниците од денеска се до недела ќе може да престојуваат во прифатилиштето, а понатаму ќе се следат пропораките за временските услови, велат од Црвениот крст.

Поради најавите за пониски температури во наредниот период, Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток ќе го отвори привременото прифатилиште за бездомници. Капацитетот е за 20 лица истовремено.
Бездомниците од денеска се до недела ќе може да престојуваат во прифатилиштето, а понатаму ќе се следат пропораките за временските услови, велат од Црвениот крст.
За лицата ќе бидат обезбедени и дополнителни оброци, а ќе им помагаат 30 волонтери и професионалци. На терен ќе има и мобилни тимови.
