293 припадници на Фронтекс и 15 бродови распоредени на грчките острови

30.12.2015 12:18

Во соопштението на Фронтекс се наведува дека мисијата е на барање на Грција, и дека бројот ќе се зголеми на 400, заедно со дополнителна техничка опрема и бродови.

293 припадници на Фронтекс и 15 бродови се распоредени на грчките острови, со цел да и помогнат на Атина во справувањето со приливот на илегални мигранти и бегалци од Турција.

Во соопштението на Фронтекс се наведува дека мисијата е на барање на Грција, и дека бројот  ќе се зголеми на 400, заедно со дополнителна техничка опрема и бродови.

Според проценките на Фронтекс, во текот на овој месец на грчките острови од турска територија пристигнале околу 80.000 мигранти.