Стартува со работа Детската клиника „Козле“
30.12.2015 13:16
Клиниката е со површина од околу 6 илјади и 700 метри квадратни, и со капацитет од 104 кревети, 98 болнички и 6 во интензивна нега.

Стартува со работа детска клиника за белодробни заболувања „Козле“. Новиот објект кој беше отворен пред 15-ина дена, е единствен од ваков тип кај нас и еден од најмодерните во регионот. Клиниката е со површина од околу 6 илјади и 700 метри квадратни, и со капацитет од 104 кревети, 98 болнички и 6 во интензивна нега.
Објектот содржи и дневна болница со капацитет за згрижување на 30 до 40 деца, а тука ќе биде сместен и Центарот за цистична фиброза.
За еден од најкрупните проекти во областа на здравството се вложени околу 7 милиони евра.
