Европски стандард за решавање на отпадот

21.01.2014 12:36

Преку проектот "Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оценка на влијанието за Источен и Североисточен регион" поддржан од Европската унија ќе се реши проблемот со депонирање на отпадот во овој дел од државата. За таа цел е извршена проценка на ризикот на депониите врз животната средина,презентиран е планот за санирање на овие локации, а за неколку месеци ќе биде изготвена стратегија по ова прашање.

-За првпат во оваа земја имаме податоци кои се добиени од мерења на квантитетот на отпадот и ова ќе биде многу важно во натамошниот тек на проектот, изјави Теофанис Лолос- лидер на тимот на проектот.

Откако ќе се утврди колку отпад се создава во регионот, ќе стартува проектот за изградба на регионална депонија до 2017-тата. Според потребите на општините натаму ќе се одлучува дали ќе биде една заедничка или две депонии за источниот и северо- источниот регион.

-Да видиме дали е исплатливо да се градат две депонии или можеби ќе биде поисплатливо да се изгради една депонија, меѓутоа средствата кои се на располагање да се искористат за нешто друго. Имаме можност да набавиме и возила со тие средства,  исто така може да се инвестираат во трансфер станици, претоварни станици, рециклажни дворови, информираше Ана Каранфилова-Мазневска- раководителот на секторот за управување со отпад од Министерството за животна средина.

Регионалната депонија ќе придонесе за зачувување на животната средина  и ќе го реши деценискиот проблем со депониите особено на помалите општини сметаат градобначалниците од регионот.

-Изградбата на регионалната депонија е решение за општините од нашиот  регион, но и дсаругите од другите региони на ваков начин да се решаваат проблемите со отпадот, рече Мите Андоновски –градоначалник на општина Кратово.

ЕУ ќе финансира проекти за иработка на регионални планови во висина од 1, 14 милиони евра , од кои придобивка ќе имаат седумнаесет општини во двата региони и околу 400 илјади жители.

Новинар: Габриела Димковиќ