Кавказ: Нападнати туристи, еден загинат и 11 ранети

30.12.2015 13:33

Во нападот има еден загинат и едианесет ранети, потврдува регионалното Министерство за здравство...

Непознати напаѓачи пукале во група туристи при посета на тврдината Нарин- Кала во рускиот град Дербент на северот на Кавказ. Во нападот има еден загинат и едианесет ранети, потврдува регионалното Министерство за здравство.

Интерфакс објавува дека туристите биле локални жители што ја разгледувале тврдината кога неиндентифукуван напаѓач пукал од блиската шума. Меѓу посетителите биле и двајца граничари, од кои едниот е убиен. Потрата по напаѓачот е во тек.

Во Дагестан со мнозинско муслиманско население се вообичаени вооружените  бомбашки напади, но немало напади на туристи.

Москва со години се бори против исламистичките бунтовници. Нари-Кала тврдината е изградена во 8-ми век и е најстара џамија и медреса  во Русија, која е под руски надзор од 1796 година.