Наградна игра

Во понеделник, второ извлекување од „Фискална во рака- награда без мака“

21.01.2014 12:54

Второто извлекување од наградната игра „Фискална во рака- награда без мака“ ќе се одржи во понеделник на 27-ми јанури, а во истото ќе учествуваат ковертите, пристигнати од 15-ти ноември минатата година до 26-ти јануари до 24 часот.
 
Извелкувањето ќе биде емитувано во живо на МТВ 1.
 
Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петтото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30-ти јуни кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан.
 
Во текот на наградната игра која заради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања ( секој месец по едно) ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15-ти ноември лани. Сите кои до сега не ги испратиле своите фискални сметки, истото може да го сторат и понатаму во текот на наградната игра.