Археолошки музеј: Над 700 вредни артефакти пронајдени годинава

30.12.2015 16:25

Керамика, накит, старо оружје, вредни монети од македонските кралеви. На деветтата по ред изложба во Археолошкиот музеј, претставени над 700 вредни артефакти, кои ја претставуваат материјалната вистина за цивилизацијата на македонското тло. Годинава се откриени на 60 локалитети...

На деветтата по ред изложба во Археолошкиот музеј, изложени се над 700 експонати од 60 локации низ републикава. Најинтересни се монетите од македонските кралеви.

Керамика, накит од злато, сребро и бронза, старо оружје, монети... Вредните артефакти ја претставуваат материјалната вистина за цивилизацијата на македонското тло. Откриени се во текот на оваа година на 60 локалитети на кои се истражуваше.

Околу 50 проценти од истражуваните локалитети се прв пат откриени токму во 2015-та година. Некои од археолошките локалитети каде што се ископуваше, се откриени првпат годинава.

Наодите од истражувањата на Античкиот театар во Скупи, заземаат значаен дел од поставката. Годинава, најголемиот театар во Македонија и пошироко е целосно археолошки истражен и почната е конзервација на сценската зграда.

 

Александра Перевска